Вкусни колачиња кои се топат во уста. Не се премногу благи, нешто како кекс колачиња кои имаат одличен вкус.
1. Во длабок сад ги ставаме сите состојки, замесуваме тесто. Врз садот ставаме најлонска фолија и го оставаме тестото 1 час во фрижидер.
2. На набрашнета површина го ставаме тестото, го расукуваме во дебелина од 6-7 мм. Со калапче во форма на срце вадиме форми. Срцињата ги редиме на плех обложен со хартија за печење. Ги печеме во загреана рерна на 180 степени околу 12- 15 минути, зависно од рерната ќе ги проверите по 12 минути. Оставаме да се изладат.
3. Темното чоколадо го кршиме на коцки, го додаваме кокосовото масло. Го топиме на пареа. Со стопеното чоколадо ги украсуваме колачите.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани