25
фев
2016
Омлет со боранија
Кога по дома не ве дружат со боранија еве еден брз и вкусен рецепт кој можете да си го дозволите за себе.
Боранија обично зелена користам и затоа и во рецептот е ставено така. Значи вие може да користите по свој вкус.
Боранијата се чисти, сече и се става да се свари. Убаво се цеди, а потоа се става во тавче со зејтин и се пржи околу 10 минути. Се додаваат белото сирење, маслинките и павлаката и се меша додека се растопи. Кон смесата се додава кашкавалот и јајцата, се пропржува и се трга настрана да се олади. Сол не треба затоа што сирењето и маслинките се солени. Вака подготвена боранијата е вкусна и топла и ладна.
Лиценца: Сите права се задржани
Сега ќе им ја подготвам и на овој начин... Благодарам за рецептот, Даниела! ...)))