Омлет од зеленчук
Компирите исечете ги на тенки кругови и ставете ги во тава со масло да се пржат.
Тиквичките исечете ги на тенки стапчиња, печурките на листови, а кромидот на тенки кругови и додајте ги во тавата откако компирите ќе бидат скоро испржени.
Брокулата исечете ја на помали цветови и ставте ја во зовриена вода да се обари 5 минути.
Во подлабок сад изматете ги јајцата, а потоа додајте го ренданиот кашкавал и неутралната павлака.
Посолете, наросете црн бибер и додајте го испржениот зеленчук и обарената брокула.
Полека промешајте ја смесата и вратете ја во тавата.
Откако ќе се испржи од едната страна поклопете ја тавата со поголема чинија и превртете го омлетот за да се испржи и од другата страна.
Откако ќе биде испржен од двете страни превртете го уште еднаш.
Послужете го топол со младо козјо сирење.
Лиценца: Сите права се задржани
Pozdrav