Овие питуличиња ни се омилени во нашиот дом. Секогаш ги правиме во неправилна форма, но еве ги во округла форма.
1. Се става квасецот со млака вода и шеќерот да стаса. Потоа се додава брашното, млекото,румот, солта и водата (по потреба).Ќе видите долу на сликите какво тесто треба да биде. Значи сето ова се меша само со лажица.
2. Се остава да надојде тестото и пак уште еднаш се промешува и пак да стаса.
3. Кога е стасано тестото не се повеќе меша. Се зема и се пржи во врело масло.
4. Се зема со раката(како на сликата) се прави топче се зема со лајчето и се става да се пржи во масло. Тие сами се превртуваат. На здравје!!!