Овчарска пита (SHEPHERD`S PIE)
Овчарска пита е превкусно, сочно јадење, англиски специјалитет, кој вообичаено во основа се прави со мелено месо, покриено со пире од компири. Ова е мојот начин на припрема на ова превкусно јадење.
Пoдготовка:
1. Во тава ставаме масло да се загрее на умерена температура, па ги додаваме кромидот и морковот (ситно сецкани, може и рендани) пропржуваме до омекнување. Потоа го додаваме меленото месо, пржиме со повремено мешање. Зачинуваме по вкус, па го додаваме доматното пире, ворчестер сосот и пилешкиот бујон. Го додаваме и грашокот. Пржиме до згуснување.
2. Истовремено ги ставаме компирите да се варат (исецкани на помали коцкички). Кога ќе се сварат, ги пасираме како за пире, со додавање на жолчката, кашкавалот, путер, сол, црн бибер и млеко на крај (до добивање на кремаста мазна структура)
3. Во огноотпорен сад го ставаме прво делот со мелено месо, па покриваме со пирето, го нанесуваме рамномерно и мазниме, или може како мене, со помош на шприц, сеедно е.
4. Печеме во загреана рерна на 200 степени до заруменување на пирето. Послужуваме топло.
*Забелешка - По вкус се додава и лук (кај меленото месо) меѓутоа јас овојпат не додадов.
На здравје!
Лиценца: Сите права се задржани