Рецептот ми е од една другарка, оригиналот е со јагоди, но секако може да се стави и друго овошје како во мојот пример.
Јајцата и шеќерот се матат убаво, па се додаваат останатите состојки. Се пече кората на 180 степени во тавче број 36.
За преливот се стават на оган шеќерот и водата да зовријат околу 5 минути, па со млак прелив се полева оладената кора.
Праските се сецкат и се стават врз кората.
За филот се вари крем од пудингот и млекото, па се лади. На оладениот крем се додава изматениот маргарин со шеќер во прав.
Врз овошјето се става целиот фил и одозгоре се става шамот од белки и шеќер.
Колачот е многу освежителен и најубаво е добро да се олади пред да се дегустира.
НАЗДРАВЈЕ!!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани