Овошна торта
За кората:
Белките се матат цврсто со шеќерот, на крај им се додаваат останатите состојки и се меша со лажица да се соединат. Смесата се истура во плех обложен со хартија и се пече околу 20 мин на 200 степени. Кората се сече на половина по должина.
За овошниот фил:
Ги ставаме шеќерот и водата на оган да зовријат, па се додава замрзнатото овошје и се вари додека да омекне овошјето. Ако има поголеми парчиња се гмечат со вилушка. На крај се додават пудингот и желатинот растворени заедно со 20 лаж вода. Се вари крем и се трга од оган да се олади.
За жолт фил:
400 мл од млекото се стават на оган со шеќерот и ванилата, жолчките се разматуваат со останатото млеко, густинот и брашното. Оваа смеса се додава на млекото што е на огнот и се вари крем. Кога ќе се излади се додава изматениот маргарин.
За чоколадниот прелив:
Сите состојки се топат на оган и смесата се остава малку да се олади. Тортата се филува по следниот ред-кора-овошен фил-жолт фил-чок прелив-кора-овошен фил-жолт фил-чокол.прелив. Одозгора се украсува со шлаг крем
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Pretpostavuvam deka namesto zamrznati, moze da se koristat i svezi jagodi i malini?