26
мај
2015
Овошен намаз за палачинки
Прекрасен овошен намаз за палачинки, кекси или едноставно земете лажица и јадете го со лажица.
Јагодите се ставаат во блендер и убаво се блендираат. Настрана се топи путерот и се остава да се излади и тој се додава во блендерот, заедно со медот, слатката павлака и кексите и се блендира додека не се добие убава мазна смеса. Доколку намазот ви изгледа течен слободно додадете уште кекси.
Па тоа е тоа,уживајте во прекрасниот овошен вкус .
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови