1
дек
2020
Овошен колач
Превкусен,ароматичен и одличен!
Колачов е совршен за со попладневно кафе.
Прво убаво ги матиме јајцата со шеќерот и ванилиниот шеќер до побелување.
Ги додаваме маслото и јогуртот и кората од лимон.Убаво мешаме.
На крај го додаваме брашното со печивото и повторно промешуваме.
Капините ги валкаме во една лажица брашно и ги ставаме над колачот.
Колачот го печеме во долго плехче 22 на 12 см во загреана рерна на 180 степени околу 35 до 40 минути.Најдобро да си проверите со чепкалка дали колачот е печен.
Печениот колач го оставаме да се олади и го посипуваме со шеќер во прав.
На здравје!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Гоц зависи од каков материјал ти е калапот.И јас имам еден уште мајка ми, таа го користела за непечени ролати и колачи(отпосле дознав) ама јас се прелажав еднаш да печам во него, незнаејќи дека не пече... а бе ужас, доле непечено , горе печено, па вртев сушев да го допекувам. Така да не во секој калап се пече:)
Posebno Se vkusni so jogurt koga se podgotvuvaat
Podgotovkata so mleko gi pravi malku posuvi
Капиниве дополнително ме примамија )))