Овошен колач
Состојки
- 3 јајца
- 125 гр шеќер
- 2 кесички ванилин шеќер
- 100 мл масло
- 220 мл јогурт
- 300 гр брашно
- рендана кора од 1 лимон
- 1 кесичка прашок за печиво
- 300 гр капини
Подготовка
Превкусен,ароматичен и одличен!
Колачов е совршен за со попладневно кафе.
Прво убаво ги матиме јајцата со шеќерот и ванилиниот шеќер до побелување.
Ги додаваме маслото и јогуртот и кората од лимон.Убаво мешаме.
На крај го додаваме брашното со печивото и повторно промешуваме.
Капините ги валкаме во една лажица брашно и ги ставаме над колачот.
Колачот го печеме во долго плехче 22 на 12 см во загреана рерна на 180 степени околу 35 до 40 минути.Најдобро да си проверите со чепкалка дали колачот е печен.
Печениот колач го оставаме да се олади и го посипуваме со шеќер во прав.
На здравје!