
Овошен колач со боровинка
Рецептот има прекрасен освежителен вкус. Еден од моите омилени. Се подготвува со овошје кое вие го обожавате. Сум го подготвила со праски и капини, а овој пат ќе го презентирам со боровинки.
Пред да почнеме со подготовка на колачот, овошјето треба да е добро миено и исчистено.
Во длабок сад ги мешаме брашното, солта и пецивото.
Додаваме шеќер, јајце и цимет, а потоа маслото и млекото.
Промешуваме со миксер и додаваме ванилен шеќер и сок од половина лимон.
Матиме додека не добиеме мазна смеса.
Запираме со миксерот и ги додаваме боровинките кои претходно ги промешавме со една лажица шеќер.
Калапот го премачкуваме со масло, а потоа ја распоредуваме смесата. Печеме на загреана рерна околу 20 минути.
Додека се пече колачот ние правиме глазура која се состои од 1 лажици шеќер промешана со сок од половина лимон. Додаваме и 3 лажици боровинки. Половично ги пасираме боровинките, а некои ги оставаме цели. Го премачкуваме колачот додека е топол, па го наросуваме со шеќер во прав. Оставаме да излади, па сервираме.
На здравје
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови