12
окт
2020
Овесни палачинки
Здрава и вкусна варијанта на палачинки, преубави се. Од оваа количина се добиваат 10тина палачинки со дијаметар од 10тина цм.
Сите состојки се блендираат во нутрибулет. Густината на добиената смеса треба да биди како за американски палачинки. По потреба додадете вода или млеко. Како што ќе стои смесата, така ќе се згуснува зашто овесните снегулки многу впиваат течност.
На стандарден начин се пржат како американските палачинки, јас го користев Делимано малото коперлукс тавче со рачка и ги пржев на кокосово масло кое им дава прекрасна арома.
Дел ги комбинирав со сируп од урми и лешници, а дел стандардно со какао крем, шлаг и лешници за сопругот.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови