Иако лепчињава изгледаат како тортички од „кал“, кои сме ги правеле како деца, изгледот и не е важен кога ќе се погоди вкусот.

Подготовка
1. Хељдата и лененето семе ги мелеме до брашнаста состојба.
2. Сувите состојки ги промешуваме да се соединат.
3. Во нив ги додаваме маслиновото масло и киселата вода, а на крајот и лимоновиот сок. Мешаме со дрвена лажица.
4. Додека се загрее рерната на 170-180 степени смесата ја оставаме покриена да отстои.
5. Со лажица ставаме од смесата во намрсено нелепливо тавче или на намрсена хартија за печење.
6. Печеме додека да се испечат и да не бидат влажни внатре, проверуваме со чепкалка.
7. Откако ќе се испечат ги вадиме од тавчето и ги завиткуваме во чиста крпа за да омекнат.

Забелешка
Печењето е околу 20-30 минути зависи од рерната и не вклучувајте вентилатор, барем јас така ги печам. Хељдата и лененото семе ги мелам во Нутрибулет.