Јаболката ги лупиме и рендаме. Ги ставаме на оган на средна температура и ги динстаме додека да омекнат.
Ги тргаме на страна и во нив ги додаваме сите останати состојки, па соединуваме.
Формираме прво бомбици кои ги сплескуваме во колачиња со големина по желба. Ги редиме во тавче и ги печеме во загреана рена на 180 степени околу 10- 20 минути.

Забелешка
Можеби ќе ви треба и повеќе време за печење, а може и помалку, во зависност од рерната. Јас ги печев околу 20 минути. Колачињата не се сушат многу и се меки и откако ќе се испечат, ама тоа зависи и од влажноста на јаболката.
Зачините ги ставаме по желба и вкус. Можете да нарендате свеж ѓумбир, ако сакате. Јас го имам шеќерот со вкус на ѓумбир и портокал па го ставам него во вакви миризливи колачи.
Можете да ги печете и на хартија за печење, за да не ви се залепат за тавчето.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани