Испечати

Овесни колачиња со јаболка (посно)

Овесни колачиња со јаболка (посно)

Состојки

  • 5-6 средни јаболка
  • 2 чаши овесни снегулки
  • 1/2 чаша сечкани ореви
  • 2 лажици сусам
  • 2 лажици ленено семе
  • 2 лажици сончоглед
  • 2-3 лажици мед
  • 1 лажичка цимет
  • 1 лажичка шеќер со вкус на ѓумбир и портокал
  • 1 лажичка мелени аранчини

Подготовка

Јаболката ги лупиме и рендаме. Ги ставаме на оган на средна температура и ги динстаме додека да омекнат. Ги тргаме на страна и во нив ги додаваме сите останати состојки, па соединуваме. Формираме прво бомбици кои ги сплескуваме во колачиња со големина по желба. Ги редиме во тавче и ги печеме во загреана рена на 180 степени околу 10- 20 минути.

Забелешка
Можеби ќе ви треба и повеќе време за печење, во зависност од рерната. Јас ги печев околу 20 минути. Колачињата не се сушат многу и се меки и откако ќе се испечат, ама тоа зависи и од влажноста на јаболката. Зачините ги ставаме по желба и вкус. Можете да нарендате свеж ѓумбир, ако сакате. Јас го имам шеќерот со вкус на ѓумбир и портокал па го ставам него во вакви миризливи колачи. Можете да ги печете и на хартија за печење, за да не ви се залепат за тавчето.