Се двојат жолчките од белките, се матат со 250 гр шеќер во прав и се додава 250 гр изматен путер. Белките се матат со 9 лажици шеќер во цврст снег, се додаваат мелените ореви,мелените бисквити, 100 гр стопено чоколадо и 150 мл ликер бејлис.
Се филуваат обландите прво со жолт фил па кафен. Од двата фила се оставаат по 2-3 лажици и заедно се мешаат со 30мл бејлис и се покриваат обландите со тој фил.  На крај се ренда чоколоадо.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови