Ако имате силиконски калапчиња особено новогодишни, со смесава за мафини излегуваат одлични форми .

Подготовка
1. Ја вклучуваме рерната да ни се загрее.
2. Ја подготвуваме смесата според упатството на кутијата.
3. Во половина од смесата додаваме цимет и лупени исечкани бадеми.
4. Ги полниме до четвртина калапите со смесата во која нема бадеми, па потоа додаваме од смесата со бадеми.
5. Печеме, ладиме и декорираме по желба.

Забелешка
Можете смесата да ја распоредите и во корпите за мафини кои ги има во пакувањето.
Во половина од смесата која ја ставаме во калапите не ставаме бадеми, а таа оди и прва во калапите, за да ни излезат помазни фигурите.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани