Новогодишна елка од ролат од мелено месо
Парчето двопек го потопуваме во вода или млеко.
Потоа го цедиме со рацете.
Од изматените јајца, зачинети со сол и малку бибер, рендан кашкавал пржиме класичен омлет.
Сега на малку загреано маслиново масло се пропржува сецканиот кромид да застакли.
Малку нека подизлади и се соединува со месото, зачините, јајцето и исцедениот двопек
Убаво се меси со рака.се зачинува
Смесата ја расплескуваме на намастена алуминиумска фолија.
Врз месото се наесува испржениот омлет.
Се завиткува ролат.
Се става во тепсија, во која се налева околу 100 мл бујон и се печи во рерна околу 30 минути.
Изладениот ролат се сече на парчиња.
Се сервира во чинија во форма на елка и се декорира со шери доматчиња, кои може кратко да се запржат на малку маслиново масло ,брокула, парченца краставичка...