Урмите без семка ставете ги во топла вода и рум да покиснат еден час. Потоа исцедете ги.

Од млекото, шеќерот и прашокот за пудинг сварете пудинг крем.

Во врелиот пудинг додадете ги маргаринот и чоколадото претходно исечкани и мешајте додека се соединат со кремот.

Во длабока вангла искршете ги бисквитите. Овде кај мене не се еден вид, ами собрав се што останало по малку, па така до потребната грамажа има и бели и кафеави бисквити и уште 2 вида на суви колачи.

Потоа исечкајте едно пакетче ресани и желе бомбоните. Додадете ги и урмите и измешајте. Во замена кој сака можи да се стават и крем бананчиња. Секако, ова благо трпи варијации според желбите и потребите.

Се' во ванглата измешајте и потоа прелијте го со врелиот пудинг и повторно мешајте додека се убаво се соедини.

Смесата истурете ја во долгунест калап обложен со стреч фолија, оставете го да олади, па потоа во фрижидер да преноќи.

Оладениот колач превртете го на рамна чинија и украсете го со шлаг приготвен според упатството на кесичката. Исечете на парчиња и послужете.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови