Просејте го шеќерот во прав, додадете ги сирупот, водата и екстрактот и убаво измесете компактна смеса. Смесата е леплива, па додека работите со неа постојано, но не обилно наросувајте ја со шеќер во прав.
Мрсна хартија посипете со шеќер и развлечете ја смесата со дебелина од 3-5 мм со помош на оклагија наросувајќи и одозгора за да не се лепи.
Со калапче, кое постојано го макаме во шеќер во прав или едноставно со нож сечете и вадете форми, кои ќе ги одложите на рамна површина обложена со мрсна хартија или алу фолија предходно исто така посипана со шеќер во прав. Оставете да се сушат на ладно и суво место неколку часа или преку ноќ. Превртувајте ги за тоа време повремено за да се исушат од двете страни.
Стопете го чоколадото со маслото и глазирајте ги ментол формите или едноставно само украсете ги. Оставете да се стврдни и веќе имате нешто што неодоливо потсетува во вкусот на After eights чоколадцата.
Забелешка
На сликата се глазирани со мешавина од чоколадна смеса, какао и додатоци од течност, која ми остана од друга смеса, но за успешен финален и визуелен ефект ве советувам да си се држите до чоколадото и да не експериментирате како мене Ч)

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани