
15
јул
2015
Нес-сладолед со орео колачи
Изматете ја цврсто слатката павлака, во која пред крајот ќе додадете половина од нескафето.
Посебно густо и долго изматете ги јајцата и шеќерот. Откако ќе згустат, додадете ја останатата количина нескафе во нив и матете додека миксерот не створи густ „пат“.
Потоа додадете ги во изматената слатка павлака и изматете убаво да се соединат.
На крај, искршете ги орео колачите и вмешајте ги во сладоледот.
Оставете преку ноќ да се здрви, па послужете со чоколаден прелив одозгора.
Лиценца: Сите права се задржани
фала девојки :)