Во касерола стопете го путерот на тивко.
Додадете го медот, млекото и какаото и мешајте додека не се соединат.
Во смесата додадете ги и путерот од кикирики и нутелата.
Продолжете со мешање, додека не добиете хомогена смеса.
Оставете ја смесата да се излади и користејќи лажица за сладолед, направете топчиња.
Наредете ги на послужавник, обложен со хартија за печење.
Замрзнете ги 30-тина минути и уживајте.

Совет
За подобро да се оформуваат топчињата јас изладената смеса ја ставам кратко 5-6 минути во замрзнувач.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови