Непечени нутела колачиња

Состојки
- 3 лажици несолен путер
 - 3 лажици мед
 - 1/4 млеко
 - 1 лажица какао
 - 3 лажици путер од кикирики ( користев крцкав )
 - 4 лажици нутела
 - 250гр. интегрални житни снегулки ( овес, пченица,јчмен, ориз, рж, сончоглед и ленено семе)
 
Подготовка
Во касерола стопете го путерот на тивко.
 Додадете го медот, млекото и какаото и мешајте додека не се соединат.
 Во смесата додадете ги и путерот од кикирики и нутелата.
 Продолжете со мешање, додека не добиете хомогена смеса.
 Оставете ја смесата да се излади и користејќи лажица за сладолед, направете топчиња.
 Наредете ги на послужавник, обложен со хартија за печење.
 Замрзнете ги 30-тина минути и уживајте.
Совет 
За подобро да се оформуваат топчињата јас изладената смеса ја ставам кратко 5-6 минути во замрзнувач.