Колачи со бадеми (без печење, посно)
Морам да признаам дека ги обожавам колачите и тортите за кои не треба печење, односно се она што во својот состав има бисквити.
Најпрво ги мелеме бисквитите, ги мешаме со рака заедно со маргаринот убаво да се измесат, па ги додаваме сецканите бадени, сечканата чоколада и постепено додаваме од претходно направениот и изладен шербет.
Месиме со раце додека не добиеме убава смеса.
Штом е готова ја ставаме во калап обложен со најлонска фолија и го ставаме во фридижер обаво да се стегне.
Штом е добро стегнат, го мачкаме со растопена бела чоколада додека е сеуште ладен, и го сечеме на мали коцки.
Од горе декорираме со по еден цел бадем
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови