8
апр
2015
Нежни пралини со вкус на портокал (посно)
Брзи, вкусни, посни колачи
Прво над пареа се растопува белото чоколадо со маслото.
Пред крај се додава црното чоколадо. Се промешува да се добие оваа нежна крем боја.
Со четка се премачкуваат силиконските калапи во 2-3 слоја.
Во касерола на оган се ставаат водата, маргаринот и шеќерот да провријаат 2-3 минути.
Се трга од оган, малку да излади, па се додаваат кората и сокот од портокал.
Се промешува
Се додаваат оревите и бисквитите.
Убаво сето се соединува и се полнат силиконските калапи.
Одозгора повторно се премачкуваат со растопеното чоколадо.
С оставаат 2-3 часа на ладна, па внимателно се вадат и се сервираат.
Лиценца: Сите права се задржани