Нежни посни штрудлички со јаболка
Многу кревки, посни штрудлички со јаболка.
Прво во млаката вода се ставаат квасецот, шеќерот, малку брашно и нека одстои 10 минути.
Потоа се додава маслото, ванилата, пецивото и постепено од брашното.
Се замесува средно тесто.
Ако ви се чини суво, додадете 1-2 лажици вода.
Се остава тестото да стои 20 минути.
За тоа време се спрема филот.
Измиените јаболка се лупат, па се рендаат на крупно ренде. Се стискаат со раце да излези течноста која ја содржат.
Во касерола се ставата исцедените јаболка и шеќерот.
Нека се запржат кратко, 5-6 минути.
Се трга од оган и се додават циметот и оревите.
Убаво се промешува.
Тестото се дели на 4 топки.
Секоја се сучи во мала правоаголна коричка, на едната половина се става ¼ од филот и се заролува.
Се сече на парчиња широки по 2-4 цм.
Се редат во плех и се печат околу 20 минути на 190 степени.
Испечени се наросуваат со шеќер во прав замирисан со ванила.
Лиценца: Сите права се задржани