Едноставни полнети колачиња,прелиени со чоколада и кокос.
Подготовка.
1.Сварете го јајцето (околу 10 минути) откако ќе зоврие водата.
Излупете ја жолчката и добро испасирајте ја.

2.Изматете го омекнатиот путер и крем сирењето заедно со шеќерот.
Додадете ја жолчката и екстратот од ванила и матете повторно додека смесата не се изедначи.
Постепено додавајте го брашното додека не замесите средно меко тесто.
Оставаме да се одмори еден час во фрижидер(може и подолго додека не ја добие посакуваната цврстина за да може убаво да се обликува).

3.Формирате топчиња со големина како што вие сакате(јас ги правев со големина малку помала од орев).Секое топче го ставаме во тавата за печење(јас едни ги печев во тава на делимано едни во тава обложена со хартија за печење).Секое топче со прст го вдлабнуваме и полека со мала лажичка ги полниме со мармалад(може и со шприц).
Колачите ги печеме на 180степени дел ги печев празни отпосле ги полнев со карамел фил колачињава нека се печат околу десет минути да останат бели.
Овие колачиња се познати по имете отисок на палецот и има многу интересни верзии.Оваа моја верзија ја дополнив и со топена чоколада на пареа со маслото,секое колаче ги прелив и посолив со кокос.
Топло ви ги препорачувам.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани