
Неварен сок од сезонско овошје
Овошјето убаво се мие и се налева со малку замлачена вода. Се остава така 10-12 часа, а потоа се цеди низ цедалка или преса. Ако има голушки-семки тие се одстрануваат и исцедениот сок се меша со шеќерот и лимонтусот додека убаво се истопи. Сокот се собира во шишиња и се чува во фрижидер.
Овој сок е многу убав затоа што не се вари, така не се уништуваат витамините од овошјето и не пиеме само празни калории.
2 дел
Смесата која останува при пасирањето на овошјето јас ја искористувам така што ја желирам со џем фих и добивам две-три теглички желе кое е одлично за палачинки,колачи и слатките кубети
Пробајте сокот е многу едноставен за подготовка, а многу вкусен и здрав
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Без адаптирани дела
blagodaram