Најмек леб без месење, Рамазанско пиде
Ова е прекрасен, мек леб од Турската кујна. Да напоменам дека тестото не се меси. Исклучително е меко и се користи само шпатула за тесто.
1. Во вангличка се ставаат квасец, шеќер, брашно и вода. Убаво се соединуваат состојките. Се покрива со прозирна фолија и се остава 20 минути на топло.
2. Потоа во вангличката се ставаат вода и брашно. Убаво со лажица се соединува цела смеса, да биде мазна, да нема грутки. Пак се покрива и се остава 20 минути на топло.
3. Потоа на работната маса ставаме малку брашно. Со помош на шпатула го истураме тестото. Сега со набрашнета шпатула го преклопуваме тестото десетина пати. Со шпатула го делиме на 2 дела.
4. Во плех ставаме хартија за печење. Го ставаме првото парче тесто. Со набрашнета раце го тапкаме нежно, формираме векничка. Постапката е иста и со 2 тесто. Покриваме и оставаме на топло 20 минути.
5. Сега со набрашнети прсти го боцкаме тестото. Во сад ги соединуваме сите состојки за премаз. Ги премачкуваме лепчињата. Наросуваме сусам и чурек
6. Ја уклучуваме рерната да се загрее и во неа ставаме мал сад со вода. После 20 минути го ставаме лепчето да се пече додека не добие убава боја. Не треба ни да се покрива со крпа, бидејќи е многу меко.
Послужуваме и уживаме!
Лиценца: Сите права се задржани