![Најмеките пекарски кифли](https://moirecepti.mk/content/uploads/2021/01/-%d0%bf%d0%b5%d0%ba%d0%b0%d1%80%d1%81%d0%ba%d0%b8-%d0%ba%d0%b8%d1%84%d0%bb%d0%b8-71adaf-800x600.jpg)
Најмеките пекарски кифли
Ова е рецепт за најмеките пекарски путер кифли што сум ги пробала. Сите дома многу ги сакаат.
Рецептов за прв пат го видов објавен од мојата пријателка Анита Златкова, околу Велигден. И како што вели таа "Не менувајте ништо, рецептава нема утка“ :)
Од тогаш ги подготвувам редовно и незаменливи се... Меки и вкусни.
Ќе ја красат и Божиќната трпеза.
Подготовка
1. Квасец, шеќер, сол заедно со 20 лажици брашно ги соединуваме со топлата мешавина од млеко и вода. Оставаме да отстои околу 20 минути. На ова активирана смеса додаваме масло, промешуваме, па постепено додаваме брашно и го замесуваме тестото. Треба да добиеме тесто кое е средно меко, малку да лепи на раце. Го оставаме да стаса, да се дуплира.
2. Откако ќе стаса, земаме топки од тестото и формираме кифли со форми по желба.
3. Ги редиме во намрсена тава, ја вклучуваме рерната на 200 степени. Ги премачкуваме со мешавина од жолчки, масло и млеко, па на секоја кифла ставаме парче путер и сусам. Ова го правиме пред печење за убаво да ни стасуваат.
4. Печеме до поцрвенување на кифлите.
Лиценца: Сите права се задржани
Sto e mnogu, mnogu e pravenje i jadenje, haha