рецептот за тортава го имам од тетка ми која е махер за нејзино спремање. Одамна не ја имав правено, па еве за празниците се решив за нејзе.
Прво за кората:
се матат белките во цврст снег со шеќерот и на крај се додава оцетот.
Рерната се загрева на 250 степени.
Изматената кора се става во плех обложен со хартија и се става да се пече.
Штом ја ставаме кората да се пече ја намалуваме температурата на 150 и ја печеме кората - ја сушиме 1 час и 30 минути.
Кога е готова ја ставаме на крпа попрскана со шеќер, ја одстрануваме хартијата и ја враќаме повторно во плехот.

Млекото и шеќерот ги ставаме на оган. Жолчките се матат со миксер им се додава брашното и малку млеко околу 50 мл и целата смеса се става во млекото што врие. Се вари крем и се остава да се лади. Маргаринот и шеќерот во прав се матат и се соединуваат со изладениот крем. Кремот се дели на два дела. Едниот дел останува ист, а во другиот дел се става стопената чоколада и мелените ореви.
Врз кората се става прво жолтиот фил, врз него црниот и на крај изматениот шлаг одозгоре се посипува рендана чоколада.
НА ЗДРАВЈЕ!!!!!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани