22
апр
2012
Највкусни какао колаченца
Сокот се загрева на оган заедно со маргаринот само да подомекне маргаринот колку да може да се замесат состојките. На страна сувите состојки-какаото, шеќерот и бисквитите се мешаат и се замесува со подстопениот маргарин. Смесата убаво се измесува и се прават форми по желба-може округли, може во калапче од цедалка за лимон, а може и со ДЕЛИМАНО калапчињата. Одозгора може да се декорираат по желба-јас обично тоа го правам со чоко прелив
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Без адаптирани дела
Многу ми е интересно Какао поквалитетно )))))