Испечати

Највкусни какао колаченца

Највкусни какао колаченца

Состојки

  • 500гр млени бисквити
  • 500гр шеќер во прав
  • 250гр маргарин
  • 100гр какао поквалитетно
  • 1 портокал или пола чаша фанта
  • 100гр чоколада за кување-бела и црна

Подготовка

Сокот се загрева на оган заедно со маргаринот само да подомекне маргаринот колку да може да се замесат состојките. На страна сувите состојки-какаото, шеќерот и бисквитите се мешаат и се замесува со подстопениот маргарин. Смесата убаво се измесува и се прават форми по желба-може округли, може во калапче од цедалка за лимон, а може и со ДЕЛИМАНО калапчињата. Одозгора може да се декорираат по желба-јас обично тоа го правам со чоко прелив