23
јул
2014
Најбрзи фурнаринки со зачини
1. Се мачка тавата за печење со путер и се става тестото.
2. Тестото се премачкува со путер, па со јајце.
3. Се става кашкавалот изрендан.
4. Сите зачини се мешаат во еден сад па се ставаат врз тестата.
5. Го додаваме сусамот.
6. Се пече додека не зарумени тестото и стане крцкаво.
За сос, во обична павлака само ставив кари и беше супер комбинација.
Готовиве теста се супер за гости, за брзо интересно обогатување на трпезата итн. На здравје
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови