Ова тортиче, десерт, колач, како сакате наречете го, ми е едно од најпрекрасните нешта кои ги имам создадено во мојата кујна. Прекрасен, вкусен, посен и многу поздрав десерт од се друго, изобилува со житарици, ореви и овошје.

Пoдготовка
Ставете го овошјето да се вари во водата околу 15 минути.

Измелете ги оревите, снегулките исто сомелете ги, но да не бидат премногу ситни. Измешајте ги, додадете шеќер, зачини и прашок за пециво. Додадете од жешката течност колку да можете да направите едно тврдо тесто кое ќе го распоредите во калапот, претходно обложен со хартија за печење. Вака подготвената подлога ставете ја околу 15 минути во загреана рерна на 250 степени.

Откако ќе омекни овошјето, извадете дел од течноста, во таа течност ставете го шеќерот и пудингот, растворете ги и оваа мешавина додадете ја во овошјето. Набргу овошната мешавина ќе се згусни, по потреба додадете жешка вода и мешајте додека не се изедначи смесата и не добиете убав овошен пудинг фил.

Извадете го бисквитот од рерната, отстранете ја хартијата за печење, ставете го во соодветна чинија за декорирање и одозгора нанесете го филот. Оставете да се олади убаво.

Откако ќе се олади, декорирајте со посен шлаг приготвен со газирана вода според упатството, можи да додадете и малку црвена прехранбена боја во шлагот.
Рафрлајте една лажица боровинки одозгора и малку снегулки.
Тортата е повкусна ако се јади наредниот ден.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови