Испечати

Натура торта со црвено овошје (посно)

Натура торта со црвено овошје (посно)

Состојки

  • Фил
  • 600 г црвено овошје (боровинки, јагоди, малинки, капинки, рибизли)
  • околу 700 мл вода
  • 3 лажици кафеав шеќер натура
  • 1 пудинг од ванила
  • Подлога
  • 100 г овесни снегулки натура
  • 150 г овошни снегулки натура
  • 100 г мелени ореви
  • 2 лажици кафеав шеќер натура
  • по 1/2 лажиче зачин за медењаци, цимет и прашок за пециво
  • течност од која се вареше овошјето по потреба
  • За декорирање
  • 1 пакетче посен шлаг подготвен со минерална вода
  • 1 лажица боровинки

Подготовка

Ова тортиче, десерт, колач, како сакате наречете го, ми е едно од најпрекрасните нешта кои ги имам создадено во мојата кујна. Прекрасен, вкусен, посен и многу поздрав десерт од се друго, изобилува со житарици, ореви и овошје.

Пoдготовка
Ставете го овошјето да се вари во водата околу 15 минути.

Измелете ги оревите, снегулките исто сомелете ги, но да не бидат премногу ситни. Измешајте ги, додадете шеќер, зачини и прашок за пециво. Додадете од жешката течност колку да можете да направите едно тврдо тесто кое ќе го распоредите во калапот, претходно обложен со хартија за печење. Вака подготвената подлога ставете ја околу 15 минути во загреана рерна на 250 степени.

Откако ќе омекни овошјето, извадете дел од течноста, во таа течност ставете го шеќерот и пудингот, растворете ги и оваа мешавина додадете ја во овошјето. Набргу овошната мешавина ќе се згусни, по потреба додадете жешка вода и мешајте додека не се изедначи смесата и не добиете убав овошен пудинг фил.

Извадете го бисквитот од рерната, отстранете ја хартијата за печење, ставете го во соодветна чинија за декорирање и одозгора нанесете го филот. Оставете да се олади убаво.

Откако ќе се олади, декорирајте со посен шлаг приготвен со газирана вода според упатството, можи да додадете и малку црвена прехранбена боја во шлагот.
Рафрлајте една лажица боровинки одозгора и малку снегулки.
Тортата е повкусна ако се јади наредниот ден.