26
мар
2020
Натура слатка пченица во чаша
Како се велигденските пости во тек еве еден предлог десерт кој не ретко го приготвуваме дома ,ама сега во ново и малку поинтересно издание.
Подготовка
1. Пченицата ја вариме па и додаваме кафеав шеќер по вкус. Ако има вишок вода во неа ја истураме.
2. Додаваме ванила екстракт и таан.
3. Распоредуваме најпрво пченица па од Натура муслите, ред пченица, па ред сечкани ореви и пак пченица.
4. На крајот завршуваме декоративно со мусли Натура и рендана кора од портокал.
Забелешка
Пченицата вообичаено ја откиснувам во вода преку ноќ, па утредента ја варам.
Лиценца: Сите права се задржани