Испечати

Натура слатка пченица во чаша

Натура слатка пченица во чаша

Состојки

  • 250 гр пченица
  • кафеав шеќер Натура по вкус
  • 5-6 лажици Натура мусли микс со јаткасто овошје и житарки
  • 1 лажица ванила екстракт
  • 2 лажици таан
  • 3 лажици ореви
  • кора од портокал

Подготовка

Како се велигденските пости во тек еве еден предлог десерт кој не ретко го приготвуваме дома ,ама сега во ново и малку поинтересно издание.

Подготовка
1. Пченицата ја вариме па и додаваме кафеав шеќер по вкус. Ако има вишок вода во неа ја истураме.
2. Додаваме ванила екстракт и таан.
3. Распоредуваме најпрво пченица па од Натура муслите, ред пченица, па ред сечкани ореви и пак пченица.
4. На крајот завршуваме декоративно со мусли Натура и рендана кора од портокал.

Забелешка
Пченицата вообичаено ја откиснувам во вода преку ноќ, па утредента ја варам.