Бананата испасирајте ја во подлабока чинија и додадете го веднаш сокот од лимон во неа.
Потоа додадете ги и овесниот оброк Натура од какао и кокос, портокал таанот, медот и лимонот и оставете го неколку часа или преку ноќ во фрижидер.
Потоа додадете ги кокосот и какаото. Наместо горко какао можи да ставите 1 лажица инстант чоколадо.
За крај, додадете и 30ина гр толчени или ситно сечкани ореви.
Од смесата правете бомбици. Мене ми изгледаа убаво, некако рустично и ги оставив така, но кој сака можи да ги извалка во кокос, мелени ореви или инстант чоколадо.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови