Видео рецепт: Нутри мафини со фил од крем сирење
Фичо ќе подготви вкусни и хранливи мафини со сирење, блитва и семки, со фил од крем сирење и буковец.
Подготовка
Чекор 1: Во еден сад измешајте ги со лажица двата вида брашно со прашокот за пециво.
Чекор 2: Во друг сад изматете ги убаво јајцата, додадете го млекото, маслото и сусамовото масло. Полека додавајте ја смесата од брашно и мешајте додека не добиете хомогена смеса.
Чекор 3: Основната смеса за мафини дополнете ја со исечкани листа од блитва, ситно сечкано лукче, додадете семки од сончоглед, семки од тиква, црно семе мелено или цели зрна. На крај додадете го козјото сирење.
Чекор 4: Печете 20 минути во загреана рерна на 200 степени, па намалете на 180 степени. Оставете да се изладат.
Чекор 5: Изматете го крем сирењето и потоа додајте му благ или лут буковец.
Сервирајте ги мафините декорирани со филот!
СОВЕТ: Ова е идеален рецепт како за појадок, така и за вечерните прослави. Декоративен, а ќе ви даде енергија за забава до доцна во ноќта.