Е еве уште една креација нараквица од ластичиња. Научив да ја плетам од внуката Лара. На фотографиите ја сликав таа како работи бидејки јас не можев да работам и да се сликам.
Постапка
- Земете во раката 2 пенкала или моливи еднакви по дебелина.
- Првото ластиче го поставувате така да направите бр.8
- До него ставете уште 2- две ластичиња. Сега од едната страна го земате ластичето бр.8 и го префрлете одозгора преку пенкалото или моливот. Истото ќе го направите и со другата страна.
- Сега продолжуваме да редиме ластичињата и тоа ставиме 1-едно ластиче и ја повториме постапката како под алинеја 2 -од едната страна на пенкалото најдолното ластиче го префрлуваме преку него - така постапиме и со другата страна.
- Се така работиме додека не ја постигнеме посакуваната должина на нараквицата.
- На крај се зема закопчувалката и од едната страна краевите се закачуваат од едната страна на закопчувалката - истото го направиме и од другата страна.
Нараквицата е готова.
Забелешка
Никако поинаку не можев да ви ја напишам постапката, помогнете си со фотографиите, а ако можам ќе поставам и линк од клипче бидејки нешто и снимав од постапката како тоа Лара ја плетеше.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани