19
мај
2015
Намаз од сирење
Намаз или крем салата која може слободно да си ја комбинирате со некое пециво како ние во случајов со варените переци или како мезе со некој добар жесток пијалок. Се спрема за неколку минути во блендер или сецко, а ако нема може да искористите и обичен миксер
Сите состојки ставете ги во блендер или сецко и убаво измиксирајте. Одлучете по вкус дали треба да додадете сол зависно од тоа колку е солено сирењето што сте го одбрале и толку. Спремно е за дегустирање. Доколку сакате може да ставите и малку потпечен сусам (јас овој пат немав) за уживањето да е уште поголемо..
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови