Чоколадата искршете ја на парчиња и стопете ја на пареа. Додека се топи одделете ги белките од жолчките.
Белките изматете ги со солта во мек снег потоа додавајте постепени 50 гр. шеќер и изматете цврст снег.
Жолчките изматете ги со останатите 50 гр. шеќер.
И слатката павлака изматете ја во посебен сад.
Стопената чоколада сипете ја во садот со жолчките и соединете.
Во садот со чоколадата додадете 1/3 од снегот од белки и мешајте во една насока за шлагот да не го изгуби волуменот и да остане пенесто, постепено додајте го и останатиот снег. Потоа изматете убаво со изматенете слатка павлака, убаво рамномерно соединете.
Кремот може да го ставите во чаши или садови или пак сад.
Оставете го кремот најмалку 2 часа во фрижидер. За посложување може да го посипите со какао во прав или прав шеќер, свежо овошје или шлаг, по ваша желба...
Може да го користите и како крем за филување торта.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови