Мусака со праз
Инспирирана од натпреварот на тема праз, го смислив овој ручек , кој многу ни се допадна и уживавме во него. Нешто поинакво, но многу вкусно.
1. Празот го чистиме, миеме и ситно сецкаме. Во тавче на оган ставаме 2 лажици маслиново масло, го додаваме празот и малку вода и оставаме на тивок оган да се пржи. Посолуваме.
2. Сланината ја сецкаме, брокулата ја миеме и кинеме на помали парченца. Компирите ги лупиме и сечиме на кругови.
3. Во празот кој се пржи откако ќе испари водата ја додаваме сланината, пржиме уште 5 минути. Ги додавaме мешаниот сув зачин, црниот бибер и павлаката за готвење. Промешуваме. Во смесата ја додаваме брокулата и водата. Смесата ја тргаме од оган.
4. На дното на тава за печење ставаме малку масло, редиме кругови од компирите да се покрие дното. Врз компирите го ставаме филот. Врз филот го рендаме кашкавалот и ставаме компири да се прекрие смесата. Посолуваме и попрскуваме со уште 2 лажици маслиново масло. Печeме во загреана рерна на 200 степени 40 минути.
Лиценца: Сите права се задржани
!