26
апр
2012
Музи торта
1. Јаболката ги лупиме и со нож им ја вадиме средината (ги чистиме од семките). Ги редиме во кружен калап во кој претходно ставаме 200 гр шеќер. Секое јаболко го полниме со сецканите ореви,лешници и смокви. Потоа ги ставаме да се печат.
2. Во меѓувреме го подготвуваме пандишпанот. Јајцата со шеќерот ги матиме со миксер. Го додаваме брашното, пецивото, млекото, ванилата и мешаме со лажица.
3. Оваа смеса ја тураме врз испечените јаболка и повторно враќаме во рерна да се испечи пандишпанот.
4. Кога ќе биди готов го превртуваме јаболката да дојдат горе, а пандишпанот долу.
5. Одозгора премачкуваме со шлаг пена и украсуваме со мрвици.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
ама имево ми е ептен смешно :) :) :) :)