5
јун
2012
Безалкохолно мохито
Жешко ви е?
Ова ке ве освежи, верувајте :)
Лиметата пресечете ја надолжно на пола, па секоја половина на 4 кришки. Разделете ги во две високи чаши. Во чашите разделете ги и ливчината свежо нане и врз нив ставете по две лажички кристален кафеав шекер. Со толчник или друга згодна алатка изгмечете ја добро содржината во секоја чаша додека не испуштат лиметата и нането сок, а шекерот се растопи. Наполнете ја скоро до горе чашата со кршен мраз и одозгора сипете газирана вода. Лажичка со долга рачка, цефче и......добро место за уживање :))
Ова е безалкохолна варијанта на овој познат коктел, го викаат и Virgin Mojito, ако сакате алкохолна, додадете 40-50 мл бел рум, Кубански, се разбира :))
Лиценца: Сите права се задржани
Eve povtorno se obiduvam, mozebi sega ke fati :((
Se razbira ova e slikata sto pogore ja vetiv, za LIMETA.