Мојата омилена салата, која на трпезата ни е многу често.
Го вариме пилешкото месо, а потоа го сечкаме многу ситно.
Ги сечкаме и печурките, краставичките и варениот компир.
Сетоа тоа го ставаме во длабок сад, додаваме павлака и мајонез, малку сол и црн мелен бибер. Потребно е да отстои во фрижидер 1 час пред сервирање.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор-Сподели под исти услови