Мојата новогодишна торта - Дрво торта
Пожелно е прво да се направи декорацијата од чоколадо, за да се стегне убаво.
Над пареа ги растопуваме чоколадото со маслото.
Сега земаме хартија за печење, со големина на плехот.
Цело чоколадо го истураме врз хартијата, убаво на секаде.
Одма покриваме со уште еден лист хартија и додека е топло виткаме ролна.
Ја оставаме на рамна површина да се стегни убаво.
Сега во една вангличка ги ставаме жолчките, го додаваме шеќерот и матиме до побелување.
Во друга вангличка ги ставаме белките, матиме и постепено го додаваме шеќерот.
Матиме се додека не добиеме цврста смеса.
Во еден тајнир ги соединуваме брашното и оревите.
Внимателно, со лесни движења во еден правец ги соединуваме белките, жолчките, оревите, пецивото и брашното,.
Ја истураме смесата врз хартија за печење, во правоаголен плех од шпоретот и печиме некои 15 минути.
Го вадиме од рерна и оставаме така да се излади. Не го виткаме во ролат.
Сега го подготвуваме белиот фил.
Во вангличка ја ставаме слатката павлака и ја матиме во не многу цврст крем
Го додаваме мекиот путер и кратко соединуваме.
Ги додаваме мелените, печени лешници.
Соединуваме.
Овој крем го нанесуваме врз испечената, изладена кора рамномерно размачкувајќи.
Сега го спремаме црниот фил
Во касерола ја налеваме слатката павлака да се загрее, но не и да проврие.
Тргаме од оган и го додаваме искршеното чоколадо.
Промешуваме да се изедначи.
Го ставаме на ладно (на тараса идеално, со оглед на студот).
Кога е изладена смесата ја матиме со миксер.
Овој крем го нанесуваме врз белиот фил.
Сега виткаме ролат.
Го завиткуваме во фолија и го чуваме на ладно барем 3-4 часа.
Го одвиткуваме од фолијата и одозгора го попрскуваме со сок од исцеден портокал.
Во касерола ја ставаме слатката павлака да се загрее.
Тргаме од оган, го додаваме чоколадото и промешуваме.
Кога е изладена смесата ја матиме со миксер.
Ја ставаме во готварски шприц и го декорираме одозгора ролатот.
Сега ја одвиткуваме ролната со растопеното чоколадо.
Врз филованиот ролат ја поставуваме кората на дрвото (добиените ленти чоколадо)
Завршуваме по сопствена желба со малку шеќер во прав, шишарки.......
Уживајте во ова убаво и декоративно Новогодишно дрво.
Среќна Нова година .
Лиценца: Сите права се задржани