Моцарт шубари
Вкусниииии, убави моцарт шубари.
Прво лешникот и бадемот се потпекуваат во рерна.
Потоа се чистат од лушпите и се мелат покрупно.
Сега во еден сад се соединуваат шеќерот и жолчките и се мати убаво се додека не се растопи шеќерот.
Внимателно се додаваат водата, просеаното какао, пецивото, брашното.
Убаво се соединува.
Се мати снег од 4 белки и внимателно се соединува со претходната смеса, мешајќи само во еден правец.
Се печи околу 15 минути во правоаголна тава.
Сега се подготвува филот.
Во касерола на оган се ставаат млекото, шеќерот, пудингот и густинот ( претходно може со мала количина од млекото да се растворат) и се вари на тивок оган до згуснување.
Се додека е топло се додава чоколадото и се промешува.
Се мати путерот и се соединува со млакиот крем.
Се додаваат лешниците и бадемите.
( совет- додека не се додадени лешниците и бадемите оделете од кремот за декорација, бидејќи ќе закачува како кај мене во шприцот и ќе се нервирате како мене, ха, ха)
сега со обрач по ваш избор, јас ги правев со голем, се вадата кругови.
На секое кругче се става полна лажица фил, се поклопува со друго парче, се премачкува со филот од страните и се валкаат во крупно мелени печени лешници.
Така се постапува со целиот материјал.
Над пареа се растопуваат чоколадото и маслото и се покрива секоја шубара.
Нека се стегнат малку па се декорираат со остатокот од фил.
Ронките што останале од тестото, не ги фрлајте.
Ќе остане и 1-2 лажици филот.
Сето заедно ставете го во вангличка, додадете 50 гр растопено чоколадо, убаво измиксирајте и формирајте бомбици.
Валкајте ги во мелен лешник.
Топло ви ја препорачувам оваа убавина.
Лиценца: Сите права се задржани