24
окт
2019
Млечни кифли
Млечни, меки, едноставни и вкусни кифли.
Од сите состојки замесуваме тесто и го оставаме да стаса. Од ова тесто правиме 32 топчиња и од секое топче правиме кифла или форма по желба(имате идеја за форма во дополнителните фотографии). Се редат во делимано тава, се премачкуваат со жолчка, се посипуваат со сусам.
Се печат во загреана рерна на 180 степени околу 20 минути додека да заруменат.